ФУДБАЛ

Менаџерот на Барса: Реал не заслужи победа во „Ел Класико“

Менаџерот на Барселона, Гилермо Амор не смета дека Реал Мадрид бил заслужен победник на неделното „Ел Класико“ во Ла Лига, инсистирајќи на тоа дека Каталонците биле доминантни и подобар тим на теренот.

Реал беше супериорен во однос на Барса во второто полувреме и последователно постигна два гола во победата, но Амор не е убеден дека конечниот резултат го рефлектира она што се случи на теренот.

„Тие вршеа притисок врз нас. Нивната идеја беше да се запре играта, да се изврши притисок и да се создадат можности. Тоа нè чинеше, но не мислам дека тие ја заслужија победата“, рече Амор.

„Доминиравме многу, но тие победија“, додаде тој.

Барса беше послаба во второто полувреме, дозволувајќи им на домаќините да доминираат и да триумфира.

„Ако го погледнеме првиот дел, тогаш мислам дека имавме многу добри перформанси. Многу добри. Ја имавме играта под контрола и создадовме шанси што ги загубивме“, рече тој.

ПОВРЗАНО

Ла Лига