Менаџерот на Нотингем Форест, Стив Купер не го криеше своето разочарување од залудно потрошените шанси на неговиот тим против Челзи во осминафиналето во Премиер лигата, кое на крајот заврши 1-1 на Сити Граунд.
Домаќините имаа повеќе шанси и само добрите интервенции на Кепа Аризабалага им ги одземаа трите бода.
По натпреварот Купер коментираше: „Мораме да бидеме задоволни бидејќи бевме подобриот тим. Требаше да победиме, но не. Ќе ги научиме нашите лекции. Се обидуваме да победиме на секој натпревар овде, но мораме да и оддадеме признание на противникот кој има класа играчи во сите линии. Имаа среќа со голот. Топката се одби од стативата и можеше да замине каде било, но падна кај Рахим. Во вториот дел бевме поагресивни и ги добивме повеќето дуели. Генерално, мислам дека бевме подобриот тим. Уште во првото полувреме имавме подобри позиции. Затоа поентата е најмалку што заслуживме“.
