ФУДБАЛ

Менаџерот потврди каде ќе игра Кутињо во новата сезона

Филип Кутињо во еден момент беше отпишан од Барселона, но се чини дека тој ќе остане член на каталонскиот клуб.

Бразилецот дојде од Ливерпул во јануари минатата година како големо засилување за скоро 150 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и беше испратен во Баерн на позајмица.

Минхенскиот клуб не сакаше да го откупи неговиот договор, па неодамна мораше да го напушти Баерн, и се појави на тренингот на Барселона. Според неговиот менаџер, тој ќе остане во Барса.

 
“Роналд Куман му се јави веднаш по финалето во Лигата на шампионите и му рече дека е сериозен во врска со него и дека би сакал да се врати. Дури и Кутињо се врати порано од одмор за да не изгуби интензитет. Сите индикации се дека Барса драматично се промени. Играчи како Кутињо, Дембеле и Гризман сега се дел од тимот“, изјави менаџерот на славниот офанзивен играч.

Тој има договор со Барса до летото 2023 година, а претходно ги согоруваше и ги палеше терените во Премиер лигата во дресот на Ливерпул со години.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига