ФУДБАЛ

Мендеш и донесе на Барселона неморална понуда за Фати

Младиот шпански репрезентативец Ансу Фати е проектиран како нова голема sвезда на Барселона.

Иако сеуште не наполнил 18 години, младиот фудбалер на Барселона се најде на мета на неколку европски клубови, а информациите што доаѓаат од Шпанија покажуваат дека во Барселона се гледа како нова голема sвезда.

Имено, како што пишува „Марка“, агентот на младиот фудбалер Хорхе Мендеш, донел понуда вредна 150 милиони евра на адресата на клубот.

Сепак, Барселона не ја разгледа понундата, и иако нема информации кој клуб бил подготвен да одвои вистинско богатство за овој млад играч, се претпоставува дека тоа е Манчестер Јунајтед.

Да потсетиме, откупната клаузула на Фати до пред неколку дена изнесуваше 170 милиони евра, но беше зголемена на 400 милиони евра.