Манчестер Сити нема да го има на располагање Бенџамин Менди во следните три месеци.
За време на репрезентативната пауза овој француски фудбалер мораше да има операција поради проблем со менискусот, а периодот на опоравување ќе трае меѓу 10 и 12 недели, што беше најавено и од Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола.
„За жал, Менди ќе биде околу три месеци надвор од теренот“, изјави Гвардиола.
Отсуство на Менди сигурно ќе биде голем хендикеп за „граѓаните“, особено поради тоа што е клучна фаза на сезоната, како и улогата на француски играчи од средниот ред ќе ја преземе Фабиан Делф и Зинченко.
Менди има одиграно 12 настапи за Манчестер Сити од почетокот на оваа сезона.