Зинедин Зидан побара да се има трпение со последното засилување.
„Она што го знаеме дека станува збор за играч кој треба да биде иднина на Реал. Тој се уште не е со нас, па затоа треба да одиме чекор по чекор. Тој е играч за иднината и кога ќе дојде тука, ќе видиме што ќе правиме со него. Од тоа што го видов, станува збор за технички добар играч, но за мене видеата немаат никакво значење и не ми се допаѓаат. Претпочитам да почекам и да го видам тука на тренинзите. Треба да бидеме мирни на таа тема“, – изјави Зизу кој исто така потврди дека десниот бек Одриозола е пред трансфер во Баерн Минхен.