ФУДБАЛ

Мерсисајд Дерби ќе биде префрлен во друг град?

Останува многу малку време до продолжението на сезоната во Премиер лигата, а сите со нетрпение го чекаме првиот свиреж на судијата.

Една од подобрите игри што ќе се играат до крајот на сезоната е онаа во 30-то коло кога се игра дуелот помеѓу Евертон и Ливерпул.

Се чини дека натпреварот нема да се одигра на „Гудисон Парк“, кој е дом на Евертон, би можел да биде префрлен во друг град.

Причината е јасна, а тоа се навивачите и големите групи луѓе кои дефинитивно би се нашле на едно место, а тоа сакаат да биде спречено.

Наводно, постојат четири опции. Првата е „С.Т. Мерис Парк“ во Саутемптон. Втората е „Вембли,“ трета е стадионот на Тотенхем во Лондон и последната опција е стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига