Се чини дека Дрис Мертенс е се поблизу до излезната врата од Наполи.
Според италијанските медиуми, претседателот Де Лаурентис не го прифатил барањето на 32-годишникот, кој сака двојна плата, а се работи за 7,5 милиони евра по сезона за следните две години, барање исто така беше одбиено и од управата на клубот.
Во случај страните да не најдат договор, 32-годишниот играч ќе го напушти тимот во текот на летниот преоден рок и понудите не изостануваат.