Напаѓачот на Наполи Дрис Мертенс ќе биде подготвен за натпреварот против Џенова.
Мертенс се повреди во натпреварот од Лигата на шампионите против ПСЖ, но закрепна од повредата и сега е подготвен за натпреварот против Џенова.
Во натпреварот против ПСЖ (1:1) Мертенс ја напушти играта во 83. минута.
Карло Анчелоти на прес конференцијата пред дуелот со Џенова кажа дека Мертенс сепак е полесно повреден и ќе биде подготвен за наредниот натпревар, а ќе изостане Симоне Верди.
Наполи е третопласирана екипа во Серија А зад Јувентус и Интер.