Мерцедес наскоро треба да го претстави новиот болид за новата сезона, но работите не се одвиваат според планираното.
Германскиот тим веќе неколку сезони доминира во Формула 1 и има за цел да остане на прво место. Но, конкуренцијата се зголемува од година во година, а Мерцедес нема простор за грешка.
Овој тим треба наскоро треба да го претстави новиот болид, со презентација закажана за 14 февруари. Но, во Мерцедес имаат одредени проблеми со новиот болид и се обидуваат да ги решат што е можно поскоро.
“Сè се случива, сите заедно се обидуваме да ги решиме проблемите. Ние работиме на испраќање на моторите во тимот, а потоа следат тестови. Треба да бидеме подготвени наскоро да го претставиме новиод болид”, изјавија од Мерцедес.
ВОзачите на Мерцедес ќе имаат на располагање три автомобили во наредната сезона.