ФУДБАЛ

Меси денеска сруши уште еден рекорд: Станал крал на каталонските дербија

Лионел Меси речиси секој натпревар прави нешто за влез во историјата, редовно ги срушва рекордите, така и денес.

Во натпреварот на Барселона и Еспањол, градското дерби кое се играше на „Ноу Камп“, интересно е што Меси го одигра 33. натпревар против Еспањол, што го прави крал на каталонското дерби.

Ниту еден играч пред Меси не одигра 33 натпревари за еден или друг тим во дербито на Каталонија.