ФУДБАЛ

Меси доби неморална понуда: Момчето му ја понуди својата родена мајка за дрес

Лионел Меси е фудбалски пример за милиони момчиња и затоа не е чудно што многумина сакаат да го имаат неговиот дрес.

По две децении играње во Барселона, Меси ова лето се пресели во ПСЖ.

Каде и да игра, неверојатниот Аргентинец е мамка за публиката и многу често се соочуваше со пораки и пароли од трибините дека некои од гледачите сакаат да го добијат неговиот дрес.

Едно момче за време на натпреварот од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг беше навистина оригинално со „неморална“ понуда за повеќекратниот освојувач на Златната топка.

Имено, момчето на картон напиша предлог до Меси за интересна размена.

„Лео, дај ми го дресот, јас ќе ти ја дадам мајка ми“, пишуваше на картонот. Нема да има ништо чудно ако момчето не беше придружувано од неговата мајка.

Некои ќе речат дека ова е невкусен обид да се добие дрес, поради што ќе има осуда за овој потег.

Инаку, ПСЖ го доби натпреварот со резултат 3:2. Меси беше двоен стрелец за домашните. Тој постигна голови за да ги сврти работите и да го потврди првото место во групата.

Меси можеше да го заврши хет-трикот, но одлучи да му го препушти пеналот на Мбапе, кој беше доста засрамен од ударот од белата точка.

По последниот судиски свиреж, аргентинскиот офанзивен играч се поздрави со соиграчите и противниците и се упати кон соблекувалната, па понудата на момчето беше залудна.