Барселона вечерва би можела да остане без претседател.
Откако Меси му соопшти на управата на клубот дека сака да го напушти клубот, токму претседателот на Барселона повика итен состанок.
На таа средба, некои директори поднесоа оставки, додека други потпишаа иницијатива за недоверба против нивниот сегашен претседател.
На крајот на краиштата, како што објавија шпанските медиуми, но и Би-Би-Си, Бартомеу понудил да си даде оставка од позицијата претседател, но под еден услов.
Тој услов е дека Меси ја менува својата одлука и дека останува во Барселона и следната сезона. Се чини дека Бартомеу сака да замине на крајот како „добротвор“.