ФУДБАЛ

Меси го блокира заминувањето на Суарез!

Суарез би можел да остане во Барселона доколку Меси реши да игра барем уште една сезона на „Камп Ноу“.

„Кориере дело Спорт“ објави дека Лионел Меси го блокирал заминувањето на Луис Саурез од Барселона.

Аргентинецот се чини реши да остане уште една сезона на „Камп Ноу“ и ќе инсистира да не си замине ниту неговиот најдобар пријател, Луис Суарез.

Суарез не е во плановите на Роналд Куман, но тој е токму во оние на Лионел Меси за да остане уште една година, според медиумите, тој може да ги убеди челниците на клубот да не го отстранат ниту Суарез.

Уругваецот се смета за идеална 9-ка за тимот на Андреа Пирло во Јувентус, но Меси блокираше сè, барем досега.

Лео сметаше дека може да ја напушти Барса бесплатно, но клаузулата што му дозволи да замине бесплатно, заврши во јуни и затоа тој е многу близу да остане уште една сезона на „Камп Ноу“.