ФУДБАЛ

Меси го надмина Роналдо во голови на клупско ниво

Лионел Меси стана играчот кој постигна најмногу голови во историјата на клупско ниво.

Барселона оствари длабока победа од 5:1 над Реал Ваљадолид во Ла Лига во вторникот вечер.

На овој натпревар главен играч беше Меси, кој постигна два убави гола и две асистенции.

Овие два гола го направиа Меси играч со најмногу голови за еден клуб, надминувајќи го Кристијано Роналдо во оваа статистика.

Меси веќе стигна до 608 голови што ги постигна на само 695 натпревари.

Од друга страна, Роналдо има 606 голови, но тој има постигнато вкупно 813 натпревари со Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Инаку, во вторникот вечерта, аргентинската sвезда стигна до 50. гол постигнат од слободен удар.

ПОВРЗАНО

Ла Лига