ФУДБАЛ

Меси го повика Бартомеу и му ја соопшти одлуката!

Лионел Меси донесе одлука дали да остане или ќе ја напушти Барселона, и останува само прашање на време пред да го објави тоа пред целиот свет.

Добро информираните медиуми во Шпанија објавија дека Меси го повикал претседателот на Барселона пред неколку минути и го информирал за неговата одлука.

Имено, според шпанските медиуми, Меси му кажал на Бартомеу дека сака да ја напушти Барселона, и ги замолил да не му предизвикуваат никакви проблеми.

Бартомеу ќе реагира веднаш, а за утре е договорена вонредна средба на челниците на Барселона, со цел да се одлучи што понатаму.

Ова е секако резултат на ситуација во која малкумина би можеле да се надеваат, но сите со нетрпение чекаме Меси да му се обрати на целиот свет.