По поразот од Синсинати, Интер Мајами покажа дека мора да го засили тимот за да конкурира за трофејот во МЛС. Доаѓањето на Лионел Меси значително го засили клубот од Мајами, а заедно со Меси, поранешните играчи на Барселона, Серхио Бускетс и Жорди Алба донесоа нов изглед на тимот. Сепак, има уште простор за доведување играчи, а клупските челници овојпат го посакуваат Серхи Роберто. Искусниот Шпанец повеќе не е во фокусот на тренерот Чави, што е зелено светло за тимот на САД да започне преговори со него. Тој е свесен за својата позиција и улога во тимот бидејќи во моментов има само два старта во 11 официјални натпревари оваа сезона. Целата приказна ја поткрепува и тоа што Шпанецот веќе објави дека би сакал да игра во МЛС.
Меси го собира старото друштво-ќе ги донесе сите пријатели: Уште една ѕвезда на Барселона оди во САД!
