ФУДБАЛ

Меси и Рамос богато профитираа поради конфликтот меѓу Нејмар и Мбапе

Навивачите на ПСЖ беа загрижени од она што го видоа на последниот натпревар на нивниот тим.

 

И покрај победата од 5:2 над Монпелје во второто коло од Лига 1, главниот фокус беше на пресметката меѓу Килијан Мбапе и Нејмар.

 

Имено, Французинот го промаши првиот пенал на овој меч, сакаше да го изведе и вториот, но Нејмар не му дозволи, а овој се налути како навредена млада жена.

Подоцна не сакаше да изведе контранапад, откако не доби ниту едно додавање на почетокот од акцијата.

 

Неколку дена после се, се одржа состанок на кој покрај нив двајца се појавија и челниците на клубот, тренерот Галтие и спортскиот директор Окампос кои им ставија до знаење дека никој не е поголем од клубот, дури ни тие двајца.

 

Тренерот Галтие на денешната прес-конференција за медиумите објасни дека овој конфликт не ја нарушил атмосферата во тимот, но најави и дека освен нив двајца, сега во конкуренција за изведување пенали се Лионел Меси и Серхио Рамос.

„Следниот ден сите се состанавме да го решиме. Го кажавме она што мислиме дека е потребно. Работевме многу добро цела недела, сите работеа примерно. Уживав во секоја единица на тренинг и тој придружен феномен помина многу брзо, веќе еден ден по нашата средба“, рече Галтие и додаде:

 

“Во последниот натпревар имавме фиксен редослед на изведувачи на пенали. Килијан беше број еден, а Нејмар број два. Важно е нашите напаѓачи да постигнуваат голови, за да ја задржат својата самодоверба. Меси и Рамос сега исто така се сметаат за изведување пенали”.

 

Да потсетиме, ПСЖ на стартот од оваа сезона во Израел го совлада Нант и го освои Суперкупот на Франција, а одбраната на шампионската титула во Франција ја започна со две победи во првите две кола.