ФУДБАЛ

„Меси и Роналдо би можеле да се приклучат на Интер Мајами“

Менаџерот на Минесота Јунајтед, Адријан Хит е уверен дека Дејвид Бекам ќе донесе фудбалски sвезди во САД.

Лионел Меси и Кристијано Роналдо би можеле да се приклучат на Интер Мајами во следните години.

Така размислува менаџерот на Минесота Јунајтед, Адријан Хит.

Англиската легенда Дејвид Бекам се обидува да го направи силен својот американски клуб.

Поранешниот играч од средниот ред планира да донесе европски фудбалски sвезди, најмногу од последните години на нивните кариери.

„Со неговите врски со обајцата играчи и врз основа на планот што го направи Бекам, можам да видам како Роналдо и Меси им се придружуваат на Мајами“, изјави американскиот тренер за „Мирор“.

Американското првенство во МЛС во последните 10 години успеа да ги приближи фудбалските sвезди кој се при крајот на нивните кариери.