ФУДБАЛ

Меси и Роналдо нека ви најдат вакцина, ние заработуваме 1.500 евра месечно“

Словенечкиот научник Борут Штрукеj привлече големо внимание како гостин на телевизиска програма.

Професор по биотехнологија на универзитетот во Љубљана зборуваше за пронаоѓање на вакцина за коронавирус, па затоа реши жестоко да го критикува фактот дека професорите и научниците не се доволно платени.

Во еден момент, професорот го загуби компасот и почна да зборува за платите на научниците и фудбалерите. На крајот, тој рече дека „фудбалерите треба да најдат вакцина доколку веќе заработат толку многу“.

„Просечната плата на научниците во Европа е 1.500 евра месечно. Лионел Меси и Кристијано Роналдо заработуваат повеќе од милион евра во тој период, а вие очекувате вакцина од научниците. Зошто тогаш фудбалерите не ја најдат“, реше Штрукеј.