Артур Мело е еден од ретките играчи кој во текот на својата клупска кариера има можност да ја сподели соблекувалната со Кристијано Роналдо и Лео Меси.
Поранешниот играч за врска на Барселона и сегашен член на Јувентус зборуваше за главните разлики помеѓу аргентинската и португалската ѕвезда.
“Секој на свој начин покажува дека е лидер. Лео тоа го прави преку дела, на теренот тоа го прави кога ќе ја добие топката, со желба да постигне гол и да победи, се забележува”, изјави Артур.
“Кристијано е личност која сака да се изрази многу повеќе. Тој тоа го прави со гестови со раце, зборови. И кога ќе ја прими топката, тој веднаш сака да постигне гол. Тој е многу друштвен во соблекувалната. Тој се согласува со сите и разговара со сите”.
„Јас не сум негов пријател кој ќе оди кај него и ќе пие кафе, но имаме добри односи.“
Побарано беше да избере капитен помеѓу Меси и Роналдо, тој се одлучи за неговиот сегашен соиграч.
“Тешко е. Еден постигнува пет гола на натпревар, другиот го прави истото. Обајцата се добри лидери. Но, јас го избирам Кристијано затоа што играме заедно”, од смеа одговори бразилскиот играч за врска.