ФУДБАЛ

Меси или Роналдо? Ето не се сомнева во најдобриот

Во интервју за „La Gazzetta dello Sport“, Самуел Ето ја направи својата прогноза за натпреварот во Лигата на шампионите, Барселона-Интер. Поранешниот напаѓач на овие два тима, меѓу другото, зборуваше за ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо:

Меси е за мене најдобар на сите времиња. Тој штотуку ја освои најдобрата награда на ФИФА. Јас би сакал да го Мане, или Салах на таа сцена затоа што тие имаа фантастична сезона, но другите имаа поинакво мислење.

Не знаеме зошто Роналдо не дојде на церемонијата. Не мислам дека Меси беше вознемирен поради ова, но сигурно ние, кои ја сакаме сликата на сите легенди заедно, би сакале да го видиме Кристијано да ја прослави оваа награда на ФИФА.