ФУДБАЛ

„Меси или Роналдо? Тоа е како да бирате помеѓу Марадона и Пеле.

Многумина сметаат дека вечната полемика за тоа кој е поуспешен Лео Меси или Кристијано Роналдо заврши со триумфот на Аргентина на Светското првенство во Катар.

Португалецот го загуби последниот воз за да стигне до светската круна, а Аргентинецот само „скокна“ во истата локомотива во Катар. Ќе се забележи дека Лео Меси успеа да го освои најважниот трофеј во фудбалот, за разлика од Кристијано Роналдо .

Без разлика на тој факт и различните мислења, љубителите на Роналдо сепак ќе најдат статистики и достигнувања дека тој бил недостижен на врвот на кариерата. Во секој случај, светскиот фудбал и двајцата ќе ги памети како великани, исто како и нивните претходници како Пеле и Диего Марадона.

Такво мислење искажа познатиот француски репрезентативец и поранешен играч на Реал Мадрид и Челзи Клод Макелеле кога беше побарано да ги спореди Меси и Кристијано.

„Тоа е многу тешко прашање. Тоа е како да бираме помеѓу Марадона и Пеле. Различна култура, различен фудбал… Меси е роден со тој талент, Кристијано е голем работник. И двата се одлични примери за децата. Не можам да изберам еден“, изјави Клод Макелеле за Sky Sports.

Меси е пред потпишување нов договор со Пари Сен Жермен, додека Кристијано Роналдо е слободен агент во потрага по нов клуб откако во ноември го раскина договорот со Манчестер Јунајтед.