ФУДБАЛ

Меси има клаузула во договорот која сега се покажа како страшна грешка на ПСЖ

Лионел Меси синоќа на гостувањето кај Лајпциг не настапи за ПСЖ поради проблеми со повреди.

Меси се повреди минатата недела на мечот со Лил и беше одлучено да го нема во составот за мечот со Лајпциг.

Аргентинецот има проблеми со задната ложа и одлучено е да не ризикува да игра против Леупциг за да не се влоши повредата, а целта е да го опорави што подобро Меси.

Сепак, во Париз беа изненадени кога неговото име се најде на списокот на аргентинската репрезентација за следните натпревари во квалификациите за Светското првенство.

Во ПСЖ се надеваа дека Меси може да ги прескокне следните натпревари за да се опорави што подобро, но тоа нема да се случи бидејќи има неверојатна клаузула во договорот.

Имено, Меси има клаузула во договорот која вели дека Аргентина е пред ПСЖ, односно дека приоритет му е да игра за Аргентина и дека Парижаните не смеат да се жалат на оваа одлука без разлика на околностите.