Барселона денес ја победи Осасуна со 4:0 на домашен терен во натпреварот од 11. коло во Ла Лига, а натпреварот го одбележа Лионел Меси.
Имено, Меси постигна прекрасен погодок во 73. минута за конечни 4:0, но тој го воодушеви фудбалскиот свет со прославата на голот.
Меси го соблече дресот, а под него беше дресот на Диего Марадона кој Ел Пибе го носеше додека играше за Њувелс Олд Бојс.
Исто така, Меси ја имитираше посата на Марадона од презентацијата кога тој потпиша за клубот за кој навиваше Меси уште од дете.
Messi honouring Maradona after scoring today ❤️🙌 pic.twitter.com/ZfSx1WRgQN
— 🎯 Tommy's Darts Tips (@TommysDartsTips) November 29, 2020
Марадона помина само една сезона на крајот од својата кариера во Њувелс.