ФУДБАЛ

Меси ќе го продолжи договорот со Интер, за да може да се врати во Барселона!

Лионел Меси наскоро ќе го продолжи договорот со Интер Мајами, со цел да се врати во Барселона и следната сезона да игра за нив.

Најдобриот фудбалер во историјата има договор со Интер до декември 2025 година, а шпански Ел Национал пренесува дека е блиску до продолжување на соработката до декември 2026 година. Доколку Меси го продолжи договорот и игра трета сезона во МЛС за Мајами, би се активирала клаузула според која американските клубови можат да позајмуваат играчи на европските клубови за време на вонсезоната, која е од ноември до крајот на февруари.

Токму поради ова правило Тиери Анри дојде во Арсенал на позајмица во јануари 2012 година од Њујорк Ред Булс. Тоа би значело дека Интер би можел да го позајми Меси од ноември 2025 година до крајот на февруари 2026 година во Барселона, а корист ќе имаат и клубот и легендарниот Аргентинец.

Барселона повторно би го имала во своите редови најдобриот фудбалер во историјата, а Меси со настап во Ла Лига би останал во форма и би бил подготвен за Светското првенство кое ќе започне во јуни 2026 година во САД, Канада и Мексико.

ПОВРЗАНО

Ла Лига