Сеск Фабрегас нема дилеми каде Лионел Меси ќе ја заврши неговата кариера. Лионел Меси има турбулентна сезона во Барселона, но не на теренот, туку надвор од него.
Фабрегас е многу добар пријател со Аргентинецот, го знае долг временски период и веќе имат разговарано на оваа тема.
-Јас зборувам со Меси и неговата идеја секогаш била да ја заврши кариерата во Барселона. Многу работи можат да се случат во клуб, ама убеден сум дека тој ќе ја заврши кариерата во Барселона, -истакна Шпанецот за „Кадена Копе“.