Лео Меси во неодамнешното интервју за медиумите рече дека сака да ја заврши кариерата во Барселона и оваа идеја станува се посилна и посилна.
„Идејата да ја завршам кариерата во Барселона станува сè посилна. Сакам да се пензионирам овде “, рече каталонскиот број 10.
Меси зборуваше и за неговото враќање по повредата.
„Сè уште не сум во најдобра форма. По натпреварот во Севиља се чувствував уморен. Ќе дојдам во форма малку по малку“, рече Лео Меси.