Фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими е исклучително среќен што има можност да игра со Лионел Меси.
Хакими, како и Меси, пристигна на „Паркот на принцовите“ ова лето. Во разговор за Л’Екип, тој откри каков однос има со славниот аргентински фудбалер.
„Лесно е да се воспостави врска со него. Му ја давам топката, трчам и ќе ја испрати таму каде што е потребно“, рече Хакими.
„Бев изненаден од неговото однесување, тој е скромен, тивок.“
22-годишниот фудбалер истакна дека доаѓањето на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има позитивно влијание врз сите во тимот.
„Не очекував дека ќе ја напушти Барселона. Кога слушнав дека доаѓа во Париз, тоа беше остварување на сонот за мене. Играв со врвни фудбалери во кариерата, но досега не бев со Меси. Кога имате таков играч во тимот, тогаш сите напредуваат, бидејќи го следат како работи, како тренира“.
Меси ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ поради повреда на коленото.