ФУДБАЛ

Меси: Мора да играме подобро ако сакаме да ја освоиме ЛШ

Капитенот на Барселона, Лионел Меси смета дека сегашната игра на Каталонците не може да го донесе трофејот во Лигата на шампионите.

Според Аргентинецот, Барселона не e на ниво на натпреварите во Лигата на шампионите минатата сезона и верува дека ќе мора да го подигнат нивото на игра доколку сакаат да го освојат елитното натпреварување.

“Никогаш не се сомневав дека имавме добар тим. Воопшто не се сомневам дека ќе можеме да освоиме сè што останува, но не на начинот на кој игравме порано”, рече Меси, додавајќи:

“Сега секој има свое мислење и секој од нас ги почитува другите. Моето се заснова на фактот дека имав среќа да играм во ЛШ секоја година и знам дека сега е невозможно да се победи на овој турнир, играјќи на начинот на кој игравме пред пандемијата на коронавирусот”.

Барселона на гостински терен со Наполи одигра нерешено (1:1) во првиот натпревар од 1/8 финалето а реваншот треба да се одржи во август.