Барселона синоќа го совлада Ваљадолид со 5:1 на домашен терен, а Лионел Меси повторно беше брилијантен.
Меси уште еднаш одигра фантастичен натпревар и ја предводеше Барселона до нова победа со два гола и две асистенции. Аргентинецот беше во одлично расположение за игра, а цената за тоа ја платија фудбалерите на Ваљадолид.
Најмногу плати играчот од средниот ред на Ваљадолид, Оскар Плано, кого Меси го „посрамоти“ во првото полувреме. Плано се обиде да ја одземе топката до Меси, но потоа Меси неочекувано ја протна топката низ нозете на играчот на Ваљадолид.
Меси со овој дриблинг доби големи овација од трибините, а изразот на лицето на Оскар Плано откако сфати што му направи Меси, стана хит на социјалните медиуми.
