Најдобриот играч на Барселона, а според многумина и на светот, Лео Меси не е задоволен со тековните резултати што ги забележува неговиот клуб.
Барселона започна со максимални 12 поени во првите четири натпревари во Ла Лига, иако и тогаш не покажа сјајна игра. Сепак, победите се запишуваа, па многу проблеми што Каталонците ги имаа во играта „ги турнаа на подот“.
Во последните три кола, Барселона прво на Камп Ноу ремзираше против Жирона играјќи 2:2, а потоа шокантно загуби од Легањес со 2:1, а потоа повторно ремзираше на домашен терен 1:1 со Атлетик Билбао.
“Ние не сме премногу загрижени, бидејќи сезоната е долга, а штотуку започна, но ние сме лути на последните резултати. Не го очекував ова. Против Легањес игравме добро во првото полувреме, но сепак загубивме, а против Атлетик создадовме многу шанси, но не ги искористивме”, изјави Меси за шпанските медиуми.
Барселона веќе прими осум гола во седум натпревари во Ла Лига, повеќе отколку што било очекувано.
“Минатата сезона едвај примавме голови, а сега секој кој шутира кон нашиот гол, погодува. Не ми е јасно што се случува. Не смееме да дозволиме да примаме гол на секој натпревар”, додаде Аргентинецот.