Лионел Меси минатото лето го засили тимот на ПСЖ.
Откако ја помина целата кариера во Барселона, принудната разделба му овозможи да го продолжи животот на друго место, а Лео ги избра Париз и ПСЖ.
Сепак, засега најдобриот светски фудбалер не покажува премногу во дресот на „светците“ и поранешниот играч на овој тим Џером Ротен смета дека Лео нема да остави значаен белег во ПСЖ.
„Меси нема да остави трага во ПСЖ. Тој е момче на друг клуб кој е негов живот, исто како градот“, изјави Ротен за „Marca“ и продолжи:
View this post on Instagram
„Мислам дека нема да остави трага како што остави Златан Ибрахимовиќ, иако историјата на ПСЖ е кратка и никогаш не се знае што ќе се случи“.
View this post on Instagram
„Дресот на ПСЖ го носеа многу големи играчи. Ги имаше Раи, Луис Фернандез и многу други, а Меси во моментов не може да биде во иста реченица со великаните на ПСЖ“, истакна Ротен.
Аргентинецот оваа сезона одигра 20 натпревари и има учинок од седум гола и осум асистенции.