ФУДБАЛ

Меси не сака да остане во Париз

Лионел Меси е договорно поврзан со Пари Сен Жермен само до крајот на тековната сезона. После тоа речиси сигурно ќе го напушти клубот како слободен играч, пренесуваат шпанските медиуми кои додаваат дека одличниот Аргентинец одбил да го продолжи договорот со клубот од Париз.

Речиси секој ден се зборува за сите сценарија околу иднината на еден од најдобрите играчи во историјата. Најчесто се споменуваше престојот во Париз, враќањето во Барселона или заминувањето во МЛС, најверојатно во клубот Интер Мајами на Дејвид Бекам.

Иако Меси изјави дека ќе донесе одлука по Светското првенство, се чини дека останувањето во ПСЖ отпадна како можност да ја продолжи кариерата.

Новинарот Мигел Бласкез, задолжен за следење на актуелните случувања во Барселона, тврди дека нема шанси Меси да го продолжи договорот со парижаните, а шпанските медиуми веќе пишуваат за негово враќање во клубот.

 

Се беше дополнително засилено со изјавата на потпретседателот и економски стручњак Едуардо Ромеу, кој рече дека финансиски ќе биде можно клубот да го достави договорот на Меси следната сезона.