Барселона вчера ја совлада екипата на Леганес со 5:0 во Кралскиот Куп и се пласира во осминафиналето, Меси на овој натпревар постигна два гола и повторно се запиша во историјата.
Меси, со оваа победа е првиот играч кој стигнал до победата број 500 на сите турнири во Шпанија на клупско ниво.
За ова достигнување, на Меси му беа потребни 709 натпревари. Покрај тоа, Барселона со Меси има 79 порази и 131 реми. За сето ова време, Меси има 622 голови и 241 асистенции.
… And chalk up another #Messi milestone! Congratulations, Leo! 👏👏👏👏👏👏👏👏👏👏 pic.twitter.com/5y7tfk6Keo
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 30, 2020