Лионел Меси, еден од најдобрите играчи во историјата е неизвесен за баражот за Светското првенство, кој Аргентина го игра против Парагвај.
Аргентинецот имаше повреда на мускулот поради која пропушти неколку натпревари за неговиот клуб Интер Мајами. На теренот се врати неодамна кога против Синсинати одигра само 35 минути.
Капитенот на светските шампиони играше минатиот месец против Еквадор, но го пропушти дуелот против Боливија.
Аргентинските медиуми веруваат дека Меси ќе истрча на теренот, но не се знае дали ќе тргне од почеток или во одреден момент ќе влезе во игра.
„Гаучосите“ квалификациите ги започнаа со две победи, исто како и бразилскиот тим.
