Лионел Меси потврди дека Нејмар сака да се врати во Барселона, велејќи дека Бразилецот во неколку наврати жали што го напушти каталонскиот гигант.
Нејмар замина од Барса во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра летото 2017 година, но бразилската sвезда се поврзува со враќање на „Камп Ноу“.
Напаѓачот на ПСЖ се обиде да подготви враќање во Барса на почетокот на сезоната, но неговиот трансфер беше неуспешен и покрај големите напори на клубот.
Меси, кој не ја крие желбата да се соедини со Нејмар, изјави за „Мундо Депортиво“: „Честопати велам, на спортско ниво, Нејмар е еден од најдобрите во светот и јас би сакал негово враќање во клубот“.
„Тој навистина едвај чека да се врати бидејќи секогаш чувствувал каење за заминувањето. Тој направи многу за да се врати и тоа ќе биде првиот чекор до тоа“, додаде Меси.