ФУДБАЛ

Меси нема намера да го „вади“ Роналдињо од затвор

Легендарниот Роналдињо е во затвор во Парагвај, откако влезе со лажна пасош во оваа земја.

Заедно со неговиот брат, тој влегол со лажни документи и веднаш бил уапсен и со денови е во затвор, каде можел да остане уште долго.

Иако некои медиуми во последниве денови објавија дека Лионел Меси ќе плати четири милиони евра за негово ослободување од затвор, тие информации не се точни.

„Спорт“ контактирал со адвокатите на Лионел Меси и добил јасна информација – Аргентинецот нема да плати за слободата на Роналдињо.

„Меси е многу тажен од ситуацијата во која се наоѓа Роналдињо, но тој не презеде никакви активности или понуди пари за неговата слобода“, тврди каталонскиот „Спорт“.

Информациите затоа не се точни и иако се добри пријатели, Меси не сака да плати за гревовите на поранешниот соиграч.