Скот Мектоминај потсети на една голема приказна од 2019 година кога Манчестер Јунајтед играше против Барселона.
Јунајтед и Барселона играа во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а Каталонците на крајот славеа со вкупни 4:0 и напредуваа. Првиот натпревар се одигра на Олд Трафорд и Барселона успеа да победи со 1-0.
На овој натпревар се сети и играчот од средниот ред на англискиот клуб Скот Мектоманеј, кој рече дека по мечот сакал да добие дрес од Меси, но дека Аргентинецот го одбил тоа пред се.
Имено, Меси за време на мечот доби лакт во лицето, што предизвика крварење од носот кога го удри Крис Смолинг. Но, тогаш тој помисли дека го удрил Мектоминај и одби да му го предаде дресот, но на крајот Серхио Ромеро успеа да го реши недоразбирањето.
“Меси е најдобриот играч на светот. Го имам неговиот дрес дали тоа го знаете? Кога пред две години игравме против Барселона, Смолинг го удри со лактот и му крвареше носот. Мислеше дека го удрив. Му реков на Серхио Ромер да го побара неговиот дрес за мене, и тој се врати и ми рече дека Меси смета дека го удрив со лактот“, вели Мектоминај и продолжува.
“Му реков. Не, не, кажи му дека не сум јас и погрижи се да го добијам дресот затоа што тој оди во мојата спална соба. Сега Меси знае дека не го удрив”.
Scott McTominay needed an assist from Sergio Romero to get Messi's shirt 😅
(via @alexisenunes) pic.twitter.com/NaJeRlIjOm
— ESPN FC (@ESPNFC) April 1, 2021