Лионел Меси денес го продолжи својот договор со Барселона. Новиот договор е со важност до 2021 година.
Претходниот договор на Меси со Барселона истекуваше на крајот од тековната сезона и постоеше опасност во јануари тој да започне преговори со други тимови.
Каталонската екипа објави дека откупната клаузула за Лионел Меси изнесува 700 милиони евра.
Според медиумите, Меси ќе заработува 30 милиони евра по сезона, со што ќе го мине Кристијано Роналдо во заработувачката.