Барселона синоќа беше поразена од Атлетико со 3:2 и го загуби финалето на шпанскиот Суперкуп.
Иако имаа водство 2-1, Барса беше поразена и Лионел Меси не можеше да биде среќен по натпреварот.
„Сакавме да го освоиме трофејот, но беше тешко. Не го направивме тоа, мора да продолжиме“, рече Меси, а потоа кратко ги коментираше гласините за можното заминување на тренерот Ернест Валверде.
„Валверде? Имаме целосна доверба во него. Ние продолжуваме да работиме и сакаме да се подобриме. Имавме одлична игра, но не успеавме да победиме. Тимот има на што да работи.”
„Критика? Луѓето не гледаат дека не играме онака како што сакаме, затоа мора да бидеме повеќе обединети од кога било досега. Мора да веруваме. Имаме многу да се подобриме“, заклучи Аргентинецот.
Ова е првпат под водство на Диего Симеон, Атлетико да постигне три гола за Барселона, а финалето е градското дерби помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.