Аргентинецот, Лионел Меси се врати на тренинг во Барселона, објави каталонскиот клуб.
Капитенот на Барселона беше принуден да го пропушти дербито со Реал поради повреда на раката, иако првите предвидувања не беа многу добри, но по десет дена Меси се врати на тренингот.
Барселона е на „Твитер“ профилот објави дека Меси со полн интензитет го одработи тренингот, но Валверде одлучи да го поштеди од напорите во вечерашниот натпревар против Леонеса, така што навивачите мора да почека уште неколку натпревари за да го види на теренот.
Отсуството на Меси, за среќа за Барселона, не беше почувствувано во натпреварите против Интер и Реал Мадрид, во кој Барса славеше со 2:0 и 5:1.
Меси се здоби со повреда на 20 октомври во натпреварот против Севиља.
Leo #Messi returns to training😍! pic.twitter.com/W2ziDusJKJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 31, 2018