ФУДБАЛ

Меси почнал преговори, ПСЖ, Барса или Интер?!

Лионел Меси игра одлично оваа сезона во Пари Сент Жермен. Аргентинецот постигна 12 гола и намести уште 13 и потсети на најдобрите денови во кариерата.

Барселона очајно сака да го врати на Камп Ноу. Претседателот на „Блауграна“ Жоан Лапорта изјави дека неговата животна мисија е враќањето на Меси во клубот каде што порасна и му донесе „планина“ од трофеи.

Во изминатите денови се појавија информации дека 35-годишниот Аргентинец би можел да се приклучи на американската МЛС лига во Интер Мајами, сопственост на Дејвид Бекам, но Пари Сен Жермен има други планови.

Според познатиот „Лекип“, парижаните почнале преговори со Лионел Меси околу нов договор.

„Светците“ се задоволни од игрите на Аргентинецот, чиј договор истекува следното лето. Наводно, Меси изразил желба да остане во Париз и да се бори за трофејот во Лигата на шампионите кој толку очајно му недостига на богатиот клуб.

Желбата на сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи и спортскиот директор Луис Кампос е Меси да потпише нов договор пред почетокот на Мундијалот и да стави крај на сите муабети за негово потенцијално заминување од „Паркот на принцовите“.