Фудбалерите на Интер Мајами го освоија Лига купот откако во финалето ја совладаа екипата на Нешвил по подобро изведување на пенали со резултат 11:10 (1:1).
Во регуларниот дел од натпреварот беше 1:1, а Лионел Меси во 23. минута постигна еврогол за водство на Интер.
Нешвил израмни во 57. минута, стрелец беше Пико.
Екипите до крајот се обидуваа да победат, Нешвил имаше 11 удари и шест кон голот, додека Интер Мајами вечерва беше помалку конкретен, само два удари кон голот од шест обиди.
Сепак, пеналите решија, а Меси и другарите беа подобри таму.
Фудбалерите шутираа дури 11 серии, Меси, Бускетс и Алба беа прецизни за Интер Мајами, Уљоа го промаши шутот за победа во петтата серија. На другата страна Леал во втората и Панико во решавачката 11-та серија беа непрецизни за Нешвил.
Меси на тој начин подигна уште еден трофеј и со 44 победи сега е играчот со најмногу трофеи во историјата.
Прогласен е и за најдобар играч на финалето, а до трофејот го предводеше Интер со дури 10 гола на седум натпревари во Лига купот, кој траеше изминатиот месец.
1️⃣0️⃣ @LeaguesCup goals for our #10 👏👏#NSHvMIA | 0-1 pic.twitter.com/ELAqrPnMLb
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) August 20, 2023
1️⃣0️⃣ @LeaguesCup goals for our #10 👏👏#NSHvMIA | 0-1 pic.twitter.com/ELAqrPnMLb
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) August 20, 2023
