ФУДБАЛ

Меси повторно потпиша договор со Барселона

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас изјави дека Лионел Меси веќе го потпишал новиот договор со тимот на Барселона. Во последниот период се споменуваше негов трансфер во Манчестер Сити, но тој повторно останува во Барселона.

Детали од новиот договор, Тебас не сакаше да објавува во јавноста, бидејќи како што вели и самиот, тоа треба да го направи каталонскиот гигант.

Договорот на Меси е обновен. Договорите се официјални во оној момент кога ќе се потпишат, а не кога ќе се објават. Меси потпиша нов договор“, изјави Тебас.

https://twitter.com/SkyRevista/status/930789223564800000

ПОВРЗАНО

Ла Лига