ФУДБАЛ

Меси позитивен на коронавирус

Лионел Меси е позитивен на коронавирус.

Веста преку соопштение за медиумите ја потврди францускиот клуб Пари Сен Жермен.

Покрај Меси, позитивни биле и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала

„4-те играчи позитивни за Ковид-19 се Лео Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала. Во моментов ја почитуваат изолацијата и подлежат на правилен здравствен протокол“, се вели меѓу другото во соопштението.