Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси го прокоментира својот успех откако стигна до седмата Златна топка.
Меси долги години е еден од најдобрите во светот и за многумина е најдобар во историјата.
“Никогаш не реков дека сум најдобар во историјата, а не ни размислував за тоа. Доволно е да ме сметаат за еден од најдобрите во историјата. Не можев ни да сонувам за ова”, рече Меси и додаде:
„Никогаш не сум сакал да бидам модел или да давам совети. Се борев да ги остварам моите желби. Отпрвин сакав да станам професионален фудбалер, а потоа работев за свој напредок и постигнување нови цели секоја сезона. Имав среќа во сите тие моменти.Верувам дека Господ избра така што јас постигнав се“, додаде Меси во интервју за Франс Фудбал.
Оваа сезона 34-годишниот фудбалер одигра 12 натпревари и постигна четири гола со три асистенции.
Стана вториот најстар добитник на Златната топка, а од седумте на витрините е апсолутен рекордер.