Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси призна дека посакуваше неговиот долгогодишен ривал Кристијано Роналдо да не го напушти Реал Мадрид.
Дуото го подигнаа стандардот за индивидуални настапи во Ла Лига и меѓународниот фудбал во текот на изминатата деценија, кршејќи рекорди за постигнување голови и доминираат со поединечни награди во овој период.
Ривалството меѓу нив го достигна својот врв кога Кристијано Роналдо и Лионел Меси директно се спротивставија на „Ел Класико“, потоа Португалецот ја напушти Шпанија во летото 2018 година и се пресели во Јувентус.
Меси не ја сакал одлуката на неговиот ривал и тој вели дека присуството на Португалецот ја правеше средбата помеѓу Реал Мадрид и Барселона уште поинтересна.
„Сакав тој да остане во Реал Мадрид. Тој беше плус за ривалството во Ел Класико и Ла Лига “, изјави Меси за RAC1.
„Реал Мадрид ќе продолжи да се натпреварува затоа што има многу добри играчи, но јас веќе реков дека тимот би ја почувствувал загубата на Роналдо поради неговата важност за тимот. Но, Реал Мадрид има многу играчи кои им овозможуваат да се борат за секоја титула и тие имаат многу историја“.
И покрај кариерата полна со индивидуални награди и клупски титули, Меси има жалење – најголем од нив е загубата против Ливерпул во минатата сезона во Лигата на шампионите, кога му дозволија на противникот да го сруши резултатот од 3:0 за Каталонците на 4:3 за Англичаните.
„Тоа нешто со Ливерпул беше наша вина“, рече Меси, бранејќи го тренерот Ернесто Валверде. „Тоа се случи по инцидентот со Рома. Бевме ментално запрени поради поразите против Рома. Се влошивме и тоа не се случи поради тренерот “.
„Клубот одлучи дека треба да продолжи и мислам дека оваа вест нè израдува сите во клубот затоа што сите го поддржуваме и го сакаме, како Луис Енрике или тренерите кои дојдоа пред него“.
Во меѓувреме, Меси, кој неодамна ја освои наградата ФИФА Светски играч на годината за сезоната 2018/19. Меси и Роналдо имаат по шест Златни топки и Меси нема за цел да освио уште една.
„Не би било разочарувачко ако не ја освојам. Овие награди се добра благодарност, но за мене не се приоритет. Јас би бил разочаран ако поминам уште една година без да ја освојам титулата во Лигата на шампионите – поминаа пет години откако го постигнавме тоа“.