Лионел Меси се уште се опоравува од коронавирусот.
Од редовите на ПСЖ потврдија дека Меси ќе го пропушти мечот со Брест.
Меси веќе го пропушти натпреварот против Лион и се зарази со коронавирус кога замина на одмор во Аргентина.
Многумина му замеруваа, сметајќи дека не ги почитува мерките.
Сега сепак се чувствува подобро, а преку социјалните мрежи рече дека му треба повеќе време да се врати отколку што очекуваше.
Тој додаде дека се радува на нови предизвици и дека со нетрпение чека да биде на теренот.
Во францускиот шампионат, искусниот Аргентинец сезонава забележа 11 настапи и додаде еден гол и пет асистенции.
Тој додаде пет настапи и исто толку голови во Лигата на шампионите.