Неизвесна е судбината на најдобриот светски играч Лионел Меси. Се шпекулира дека е блиску до заминување од ПСЖ, но работите се уште не се целосно јасни.
Според L’Equip, на Лионел Меси му е понуден нов договор од париските сили, но со значително намалување на платата, за клубот да не излезе од рамките на финансискиот фер-плеј.
Аргентинецот не е задоволен од понудата, па размислува за заминување.
„Скај Спортс“ објави дека Меси се интересирал и за тоа какви ќе бидат плановите на клубот за следната сезона и дали ќе имаат конкурентен тим за освојување на Лигата на шампионите.
Тој е заинтересиран за трансфер стратегијата во летото што претстои, како и дали Кристоф Галтиер ќе остане тренер и дали Луис Кампос ќе остане спортски директор.
Да потсетиме, голем број медиуми вчера пишуваа за големиот интерес на Саудиска Ал Хилал за аргентинскиот волшебник.
Менаџерот Фабрицио Романо објави дека му се нуди годишна плата од над 400 милиони евра, но и дека следен приоритет му е да игра во европскиот фудбал, барем до Копа Америка во 2024 година.
Исто така, Романо наведува дека Барселона е решена Меси да се врати на Камп Ноу.
